A11OY2SC / Работам во компанија во Скопје. Кога има прилив на сметката, газдата ја празни со подигање на материјални трошоци. За плата и придонеси нема пари со месеци. Како ние работниците да ги остварием своите права, сме работеле за плата и за придонеси! ако се пожалиме, газдата може да ни даде отказ.
Transparency International Macedonia (Apr 22 2013)
Кога се во ситуација да не можат да ги ползуваат правата од работа, работниците можат да побараат од Министерството за труд и социјална политика-Државен трудов инспекторат да извршат надзор врз остварувањето на правата од работа во правното лице.
Со почит
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар