ЗА НАС
Transparency International - Macedonia е невладина организација со седиште во Скопје, национален огранок на глобалната коалиција Transparency International, која работи со цел да воспостави систем за добро владеење и ефикасна превенција во борбата против корупцијата. Оваа организација се залага за држава во која владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Center for International Relations е непрофитна организација лоцирана во Вашингтон, која не е поврзана со ниедна група или идеологија. Оваа организација е посветена на независна размена на меѓународните соработки, известување и економски гледишта и информации. Нивниот примарен фокус е веб сајт новинарство, IA-Forum.org .
National Endowment for Democracy (NED, http://www.ned.org/ )
http://www.prijavikorupcija.org/ (http://www.transparency-watch.org/ ) е иницијално финансиран преку грант на The National Endowment for Democracy.
NED е приватна, непрофитна фондација посветена на развој и зајакнување на демократските инситуции низ целиот свет. Од своето основање во 1983 година, NED остана една од водечките врвни борци за демократија насекаде низ светот, а со тек на време се развива во институција која е центар на активности, ресурси и интелектуална размена за активисти, практиканти и проучувачи на демократијата во светот. NED е посветен на поттикнување и раст на широк вид на демократски институции, вклучувајќи и политички партии, синдикати, слободни пазари и бизнис организации, како и кон придонесување на многу елементи за едно стабилно граѓанско општество кое што ги поддржува човековите права, независните медиуми и владеењето на правото.
Амбасада на Кралството Норвешка во Република Македонија http://www.norway.org.mk/Embassy/
www.prijavikorupcija.org на албански јазик е поддржано од Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија.