A1USBQI5 / Само како информација. Се случува ликвидација на НУ Вардар Филм.
Наместо да добие правен следбеник, Владата го ликвидира овој субјект и има намера да формира нов.
Сето ова се случува без објавени Одлуки ниту на Министерството за Култура ниту на Владата, туку со извадок од Заклучок од седница на Владата.
Наложено е да се раздаде вредниот имот на Варадар Филм, а авторските права да се пренесат на други (веќе постоечки) субјекти.
Само уметничките слики кои вработените ги имаат купувано со заработени работнички пари, се од непроценлива вредност. Затоа пак општеството им возврати со десетина години неплатени придонеси во ПИОМ, не исплатени плати односно не поравнети побарувања по повеќе извршни пресуди стари две три години.
Ако знаеа каква е состојбата уште од 2009 година кога Министерството за Култура изработи Анализа со предлог решенија, ако Филмскиот Совет усвои решение Вардар Филм да продолжи да постои, ако 2013 година пред локални избори Владата донесе Заклучок каков што донесе (спротивно ставот на Филмскиот Совет) тоа значи дека пресудите на Суд на Република Македонија нема никогаш да бидат спроведени, ќе останат само слово на хартија.
Колку да се знае, дека и власта знае, а знаеме и ние дека според Законот за Култура, нема стечај на Национални установи, ама кога се ликвидираат обврските преоѓаат врз Министерството за Култура.
Оставете коментар