Avtomotoservis X od XX uporno poprava vozilo veke 4 pati po edna nedela i ne priznava nikakva garancija za izvrsenata rabota.Do sega se dadeni preku 100.000den za popravka na istoto i seuste ne e popraveno.Po razgovori so drugi musterii od istoimeniot servis se konstatirani slicni situacii. Ve molam da prevzemete nesto
Transparency International Macedonia (Nov 16 2017)
Почитувани,
ви благодариме за пријавата. Ве известуваме дека неиздавањето на фискална сметка од страна на автосервисот можете да го пријавите во Управата за јавни приходи на телефонскиот број 198. Што се однесува до квалитетот на услугите, не постои државна институција која има надлежност да се меша во конкретниот однос помеѓу вас и давателот на услуги. Доколку ви е направена штета со тоа што повеќе пати ви било наплатено за една иста услуга, а при тоа давателот на услугите неквалитетни ја завршил својата работа, можете со тужба пред надлежниот суд да барате да ви се врати сразмерен дел од цената што сте ја платиле. Повторно нагласуваме дека никој не може да го стори тоа во ваше име, согласно законите тоа морате да го сторите вие самиот.
Ви стоиме на располагање за дополнителни совети доколку решите да преземете нешто.
Со почит,
ТИ-Македонија
Оставете коментар