непотврдено

Измама при сообраќајна незгода.

00:11 Jan 15 2017 Скопје

Опис на случката
Измама при сообраќајна незгода.
На хх.хх.хххх, во хх:хх часот, ми се случи сообраќајна незгода при која, лицето кое ја предизвика незгодата, ми го пресече патот и ме удри на дупла полна линија.
Имено, јас се движев по ул. Х во градот Х, и имав товар кој требаше да го достава во Х градина во Х. Во моментот додека вртев лево на крстосницата за да се исклучам од ул. Х, го забележав возилото со марка Х, ХХ регистарски таблички хх-ххх-хх, како неправилно се движи (буквално се движеше по насока како кога пешак преминува пешачки премин).
Јас, веднаш почнав да кочам, проследено со звучен сигнал на свирење и во обид да го избегнам возилото, дури навлегов во спротивната лента. Но, како што можете да видите на приложените фотографии, цитроенот, воопшто не ни кочеше (бидејќи, лицето зборување на телефон, па не ме ни забележа, но за жал оваа информација пропуштив да ја доставам во изјавата која ја приложив во осигурителната компанија) и ме удри преку дуплата полна линија.
Во моментот на незгодата вината (усно) ја призна пред пред 2 лица -- случаен минувач (кој подоцна рече дека всушност е продавач во продавница за авто-делови, веднаш насптроти раскрсницата) и сопственикот на ХХ (сопственикот на возилото со кое управував, како и лицето на кое предизвикувачот на сообраќајната незгода се обиде по пат на телефонски разговор да ја плати штетата за да не викаме полиција), не вклучувајќи ме и мене, за подоцна да го смени мислењето, и од осигурителната компанија Х, (каде што лицето само ми се пофали дека имало врски) не само што не ми ја исплатија штетата, туку и вината ја префрлија на мене.
Како доказ за сето ова наведено, имам комплетна писмена документација како и фотографии од местото на сообраќајната незгода.
Имено, соучесник беше лице добро познато во јавноста, за кое, како за целата ситуација, би Ви раскажал до последен детал.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Administrator (Feb 28 2017)
Почитувани, Ви благодариме за пријавата. По разгледување на наводите од неа и законите кои се применуваат во случајот, ве известуваме дека единствено што може да се преземе следно е да ја тужите осигурителната компанија со барање да ви се надомести штетата. Кон тужбата треба да ги приложите сите докази кои ви се на располагање, и тоа во оригинал. Доколку го добиете спорот, судот ќе ја задолжи спротивната страна да ви ги надомести трошоците од водената постапка. Ви стоиме на располагање за дополнителни совети на телефон 02/32 17 000 или на мејл info@transparency.mk Со почит, Транспаренси Интернешнл Македонија
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
11 + 7 =