Адвокатот цело време ми наплатувал пари што не смеел да ми ги наплати. Добивме пресуда во 2012 година и бевме договорени на крај да земе 20% од целата сума што ќе ја добиеме, ама тој со години ми земаше 20% и од рентата што ја добивме како оштета. Каде да се обратам за да си ги вратам парите.
Исто така не побарал наплата на судските трошоци. Имаме за наплаќање 152000 денари, а тој не ги побарал
Почитувани,
Ви благодариме за пријавата. Од описот кој ни го давате за вашиот случај, може да се заклучи дека се работи за кривичното дело Измама. Тоа можете да го пријавите во Основното јавно обвинителство, а адвокатот за истото можете да го пријавите во Адвокатската комора на РМ. Кон пријавата ќе треба да приложите доказ за направените парични трансакции.
Во врска со наплатата на судските трошци, изминат е рокот во кој можете да си го наплатите ова побарување.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар