Веднаш до мојата куќа во Х е отворен склад за цевки и профили, поради што се создава страшна бучава која го нарушува мирот на моето семејство. Се обратив до општинскиот комунален инспекторат, од каде што извршиле надзор, но не при преместувањето на цевките, туку при нивното сечење. Сега соседот продолжува да прави огромна бучава со цевките, а инспекторатот не сака пак да постапи.
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Ве известуваме дека спорот со вашиот сосед можете да го решите со тужба со која ќе побарате тој да ја отстрани бучавата која досега до вашиот имот.
Во меѓувреме ние ќе се обратиме до општинскиот комунален инспекторат со брање повторно да излезат на терен.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар