Почитувани, инженер сум по шумарство,во периодот од 10.12.2014 до 31.01.2015 год бев вработен во Друштво за земјоделство, градежништво, промет и услуги ХХ во Х Подружница ХХ, со новината дека секој субјект што продава дрва мора да има лиценца за работа т.е да има пријавено инженер по шумарство се вработив во тоа стовариште. НЕ ДОБИВ НИ ДЕНАР, човекот зема лиценца од МЗШВ и на 31.01.2015 ме одјавил од АВРМ без да знам, од таму ми кажаа дека спогодбено бил раскинат договорот за работа. А јас знам дека не сум потпишал никаква спогодба. НЕМАМ ПАРИ ЗА АДВОКАТИ, ве молам помогнете ми, КАКО МОЖАМ ДА СИ ГИ ЗЕМАМ ПЛАТИТЕ ШТО МИ ГИ ДОЛЖИ
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Воедно, би сакале да ве информираме дека ТИ-М се обрати до Државниот инспекторат за труд со претставка при што сме во исчекување на нивниот одговот.
Одговорот на претставката ќе ви биде дополнително приложен како одговор на оваа порака.
Со почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар