непотврдено

Проблеми

13:33 Jan 1 2018 делчево

Опис на случката
Почитувани,

Во подолг временски период забележувам поголем дел неправилности во мојот град Х што до скоро време го сакав повеќе и од самиот себе се додека не дојде време да бидеме газени обичниот народ од тие што од нас ја црпат својата плата.Ќе наведам неколку примери од кои сум револтиран и се надевам барем ќе стигне некој глас или барем само вокал каде што треба.
Неколку пати се ограбува маркет Х и тоа четири пати објект на кеј.Х еднаш на ул.ХХ и еднаш во с.СХ полицијата до де денес останаа неми и го затворија случајот.
Куќата во која живееме моментално се ограбуваше додека беше во изградба и за тој случај ни трага
Неодамна во четири наврати на рехабилитација на мостови Х И Х се крадат акумулатори од сигнализацијата семафори.моја работа е како инженер на тие мостови да пријавам и натаму да оставам на инспекторите тие направија да се покаам што сум пријавил звонеа на телефон мин два пати дневно за да јас учествувам да и помогнам што искрено не сакам и немам време за со нив

Последно денес навраќам во продавница каде што имаше една жена која сигурно има некои психички проблеми која се наврлуваше на продавачката и забрануваше да влегуваат други муштерии.пријавив во централа испратија екипа која ја немаше 20 мин за да ме предизвика уште еднаш да ја побарам централата од која добив арогантен одговор

Ве замолувам ако може негде да се реагира за овие работи и Ви заблагодарувам пред време

Со почит.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Transparency International Macedonia (Jan 16 2018)
Почитувани, Благодариме на довербата што ни ја искажувате со поднесување на оваа пријава. Меѓутоа имаме неколку прашања во врска со пријавата: Кога се случиле овие настани односно ограбувањето на маркетот и ограбувањето на вашата куќа? Кога се пријавени во полицијата во вашиот град? Дали вие пријавивте за ограбување на вашата куќа? Дали имате било каков одговор од полицијата? Овие информации се од значење за утврдување дали полицијата постапила според своите надлежности и причините поради кои постапките не го дале очекуваниот исход. Ве покануваме уште еднаш да не контактирате на нашиот телефонски број 3217 000 од понеделник до петок помеѓу 09 - 17 часот со цел да поразговараме за случајот и да утврдиме како би постапувале понатаму. Со почит Транспаренси Интернешенел Македонија
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
13 + 2 =