A11XGWB9/ На влез во РМ ни беа одземени патните исправи затоа што сме биле депортирани. Ова го нема ни во устав ни во закон. На други ќе им ги одземат патните исправи ама ќе платат нешто и ќе одат дома со пасош. Да имав од каде, немаше да одам во странство да барам азил за да можам да спечалам за парче леб.
Почитувани,
Одредбата за одземање на патни исправи е составен дел од член 37 став 6 од Законот за патните исправи за државјаните на РМ од неговите измени во 2011 година. Се согалсуваме со вас дека треба да се испита дали оваа одредба е во согласност со член 27 од Уставот на РМ.
Со почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар