A11QNUJH / Комисија за селекција на државни службеници, при Агенција за администрација
Во врска со јавниот оглас бр.XXXX објавен на XXX.2013 година, за вработување на државен службеник во Агенција за храна и ветеринарство за работно место Советник Официјален ветеринар во П.Е. Берово.Комисијата за селекција на државен службеник, формирана од страна на Агенцијата за администрација со Решение XXXX od 2013 година, изготви ранг листа врз основа на која е спроведено интервју со петте најуспешни кандидати кои го положиле испитот (врз основа на резултатите од образованието и од испитот).
На тоа, интервју е повикан кандидатот за вработување X.X.од Берово, кој дипломирал на Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје со просечен успех 6.56, а воедно истиот кандидат е избран за извршител на работно место Официјален ветеринар во XX во Берово со Одлука за избор на кандидат за вработување бр. XX од XX.2013 година, донесена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Комисијата за селекција (спротивно на член 17 став 3 од Законот за државни службеници) незаконски ја има спроведено селекцијата и интервјуто и при тоа мене ме имаат послабо рангирано на ранг листата, иако имам поголем број бодови од посоченото лице (од образованието просечен успех имам 7.19 и од испитот за државни службеници максимум бодови- 60).
Неколку пати од Агенцијата за администрација се обидов да добијам информации за ранг листата од петте најуспешни кандидати (кои се и како се рангирани), но единствено што дознав е дека сум шеста на таа ранг листа, без дополнителни објаснувања. Дури ми кажаа и дека немам право на жалба. Но, јас сепак испратив жалба до Агенцијата за администрација, Претставки до Народниот Правобранител и Државниот управен инсекторат, но се уште немам никакви информации дали некој може нешто да превземе за да се испита случајот.
Ве молам, доколку можете да ми помогнете да го расветлиме овој случај.
Transparency International Macedonia (Mar 12 2013)
Почитувани,
Во прилог ви го доставуваме одговорот од Агенција за администрација која може да ја најдете следејќи го линкот
http://www.scribd.com/doc/129925256/Document-No-0302-1233-A11QNUJH
Со Почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Рангирање на коментарот:
3
Transparency International Macedonia (Mar 29 2013)
Почитувани,
Во прилог ви доставуваме одговор од Агенција за храна и ветеринарство, кој може да го погледнете на следниов линк
http://www.scribd.com/doc/132969116/Document-No-0302-1254-A11QNUJH
Со Почит
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар