A15OI6WV/ Во текстилната индустрија во Источна Македонија работниците не можат да го користат својот годишен одмор. Ако побараат денови, добиваат закани за отказ. Трудовата инспекција нека провери дали работниците биле и колку денови биле на одмор. Или од на нив познати причини, оваа состојба не им смета на убаво облечени инспектори.
Почитувани,
Остварувањето на правата од работен однос пред се треба да оди преку синдикалната организација, повик до трудовиот инспекторат или работникот да поведе работен спор против работодавецот. Ве повикуваме дополнително да не информирате доколку при надзор трудовата инспекција утврдила неправилности кои не се санкционирани.
Со почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар