Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Ве известуваме дека случајот треба да се пријави во МВР или ОЈО, кои потоа можат да спроведат истрага. Доколку се плашите да пријавите до нив, пријавувањето можете да го направите според Законот за заштита на укажувачите, според кој ви се гарантира анонимноста при пријавувањето. Таквото пријавување, покрај во МВР и ОЈО, можете да го направите и кај Народниот правобранител и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Ние ви стоиме на располагање за да ве водиме низ постапката со совети. Можете да не контактирате на info@transparency.mk или на телефон 02/ 32 17 000.
Со почит,
Транспаренси Интернешнл Македонија
Оставете коментар