Според пресудата треба да вратам заем од лихвар од 120000 евра, а сакаат и на ќерка ми да и ја земат куќата. Таа куќа никогаш не била во моја сопственост, туку му е наследство на сопругот, а он ја препиша на ќерка ми. Тоа не е имот стекнат во брак и никогаш не бил мој. Како може да ја вратиме куќата?
Transparency International Macedonia (Feb 15 2016)
Ви благодариме на пријавата. Ве известуваме дека во моментов треба да се сочека одлуката по ревизија на Врховниот суд на РМ, а доколку и тој одлучи на ист начин како ии пониските судови, односно одлучи дека вашиот долг може да се намири од куќата на ќерка ви која никогаш не била во ваша сопственост, тогаш во рок од шест месеци по примањето на одлуката од Врховниот суд ќе имате можност да поднесете жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради повреда на правото на сопственост според чл.1 од Протоколот 1 од Европската конвенција за човекови права.
Ние ви стоиме на располагање за правни совети во понатамошниот тек од оваа постапка.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар