Значи ова веќе ја прелеа чашата. Бабачкото што не држи сите како стегнат копец година ипол сега не оди на избори. Значи тој ме присилува спроти својата воља да можам да го искажам своето мислење на избори. Година ипол ни вршеше тортура, не изнамачи со притисоци, човек сон да не може да фати, ќе менувал чистачки, ќе јадел луѓе и не знам што друго. И сега наместо да можам слободно да ја изразам својата воља, оп тонч. Што не го бидува, не го бидува!! Сакам избори, не сакам притисок
Почитуван г-н Х,
Ви благодариме на пријавата. Ве известуваме дека ТИ-Македонија дава бесплатни правни совети во врска со случаи на корупција, вклучително и случаи на изборна корупција. За да постапиме по одредена пријава потребно е да наведете конкретен случај во кој кон вас се применува присила за да гласате на избори. Тоа не може да се заклучи од вашата пријава, па затоа ве молиме да ја дополните така што ќе ни испратите дополнителни информации во врска со околностите од случајот и особено со начинот на кој се врши присила. Откако ќе ги добиеме тие информации, ви стоиме на располагање со правни совети во врска со случајот.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар