Го пријавувам ХХ кој вработен во Општина Х кој се претставуваше 20 години како градежен инжинер во секторот за урбанизам. Имено, пред 3 години во општината од кадровско направиле допис до факултет од Србија кои писмено потврдиле дека тоа лице ХХ нема завршено на тамошниот факултет. И покрај овие сознание тој не е избркан од работа, ниту пак е суспендиран или пак е побарано да ја обештети општината со тоа што лажно 20 години примал плата како да имал завршено високо образование. Откако ги имаат добиено сознанејата само му беше намаена плата и тој експресо се запишува на Х факултат и за три години станува магистар. Замислете измамата до каде оди 20 години се претствувал лажно како градежен инжинер давал дозволи за изградба на згради и патишта, а иронјата да е поголема го штити градоначалникот ХХ бидејќи Х со години работи по наредба на градоначаланикот.
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Поради тоа што во овој случај има силни индиции дека се работи за случај на коруптовно однесување и постоење на повеќе кривични дела, ќе ве контактираме во најкраток рок со цел да добиеме повеќе информации пред понатамошното постапување.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар