Dobar den, sakam da raskazam slucka od pred nekolku denovi. Polagav vozacki ispit pri sto mi bea pobarani 100 evra za da polozam. Se raboti za eden od clenovite na ispitnata komisija od amsm, mi kazaa deka se vika x, krupen covek so crna kosa (doznav deka taka se vika, bidejki nikogas ne se pretstavuvaat sami)
Sekako, nemav pari da gi dadam i mi rece togas nisto, ke si polagas pak, a ako sakas sega da go polozis ke treba da podmackas, zasto nie imame lista na kandidati koi gi zabelezuvame a koi sto treba da polagaat. Ispitot normanlno deka go padnav.
Taka da, eve prijavuvam deka mi bese pobarano mito, pa dokolku e krivicno delo togas bi bil sreken dokolku prevzemete nesto a sekako ova ne e prv slucaj na vakvo nesto.
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Ве известуваме дека барањето мито е казниво согласно чл.357 од Кривичниот законик на РМ и поради тоа е потребно да го пријавите во Министерството за внатрешни работи или Основното јавно обвинителство, кое понатаму во постапката може да примени посебни истражни мерки (вклучително и обележани банкноти) со цел откривање на сторителот согласно законот.
Поради специфичноста на вашата ситуација, односно фактот дека полагате возачки испит пред тој член на комисијата, ве советуваме барањето мито да го пријавите во МВР или ОЈО согласно Законот за заштита на укажувачи. Потребно е да одите во некоја од овие институции, на службено лице да му кажете дека сакате да пријавите кривично дело согласно Законот за заштита на укажувачи, по што ќе бидете упатен кај лице овластено за примање на вакви пријави. Откако ќе ја прими пријавата службеното лице е должно да постапи по неа и да ве извести за постапувањето. Важно е да знаете дека во ваква ситуација се гарантира вашата анонимност, односно постапката ќе продолжи без осомничениот да знае дека вие сте пријавиле, така што тоа нема да ви пречи при следните полагања на возачкиот испит.
Ви напоменуваме дека морате да го пријавите случајот до надлежна институција доколку сакате истиот да се реши.
Ако ви се потребни дополнителни совети или информации во врска со вашите права, начинот на пријавување на кривични дела и начинот на кој надлежните треба да постапат, ние ви стоиме на располагање за совети. Покрај на оваа мејл адреса, можете да не добиете и на телефонскиот број 02/ 32 17 000 секој работен ден од 9 до 17 часот.
Со почит,
Transparency International - Macedonia
Оставете коментар