zdr
Vo Resen vo Lokalot XX vo gradot ne se izdavaat fiskalani smetki i se prijavuva minimalen promet.Plus obichno za vreme na vikendite petok i sabota lokalot raboti do ranite utrinski chasovi shto e nedozvoleno po zakon i se pushat cigari pretezno od vlasnikot i negovite prijateli bliski na XX politickata partija.Vo lokalot se pravat mezinja koi na menito ne se prijaveni i se toa odi na crno...pozdrav pa vreme e da se prevzemi neshto od nadleznite za ovaa rabota i toa malku posalam i po moznost da se prati inspekcija od drug grad mesto od Resen.Lokalot vaka raboti dolgo vreme.
Transparency International Macedonia (Nov 28 2014)
Почитувани,
Со оваа порака ви потврдуваме прием на пријавата.
Истата ќе биде разгледана од правниот тим на ТИ-М, и во најбрз рок одговорено.
Со Почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Рангирање на коментарот:
-1
Transparency International Macedonia (Dec 17 2014)
Почитувани,
При анализа на оваа пријава во однос на работното време на локалот во предвид беа земени два закони и тоа:
Закон за заштита од бучава во животната средина (Сл.весник 79/07, 124/10, 47/11, 163/2013) и Закон за прекршоци против јавниот ред и мир (Сл.весник 66/07).
Согласно член 8 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, оној кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 6,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му изрече глоба во одреден износ.
Прекршочната постапка се води пред тричлена комисија при Министерството за внатрешни работи.
Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина Заштитата од бучава се спроведува деноноќно при што денот трае 12 часа од 7,00 до 19,00 часот, вечерта трае од 4 часа од 19,00 до 23,00 часот и ноќта трае 8 часа од 23,00 до 7,00 часот.
Со членот 50 ст.1 т.1 од истиот закон е утврден делокругот на надзор на овластениот инспектор за животна средина на општината и истиот гласи:
(1)Во вршењето на надзорот од својот делокруг овластениот инспектор за животна средина на општината и на општината во градот Скопје, согласно со одредбите на овој закон и законот за животна средина, има право да врши контрола над примената на мерките за заштита од штетната бучава и тоа дали;
1) нивото на бучава при вршење на угостителска и туристичка дејност е во рамките на пропишаните гранични вредности.
Со членот 52-а од истиот закон е регулирано постапувањето по пријави од физичко или правно лице и истиот гласи:
(1) Државните инспектори за животна средина и овластените инспектори за животна средина се должни во рок од седум дена од поднесувањето да постапат по иницијативата или пријавата за поведување на инспекциска постапка.
(2) Во случаите од ставот (1) на овој член државните инспектори за животна средина и овластените инспектори за животна средина се должни да го известат подносителот на иницијативата или пријавата за поведување на инспекциската постапка во рок од седум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
Нерегуларностите во врска со неиздавање на фискална сметка и затајување на данок, можете да ги пријавите до Управата за јавни приходи со повикување на бесплатната телефонска линија 198 која е мобилна мобилна 24 часа / 7дена, како и со пополнување на е-формулари http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt/centar или пак писмено на следнава адреса: Управа за јавни приходи ул. Кеј 13-ти Ноември (Градски Трговски Центар, 2-ри кат) лок.500 1000 Скопје
Со Почит, Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар