потврдено

УЧИЛИШНА ЕКСКУРЗИЈА

13:10 Mar 27 2012 Resen

Опис на случката
A1BNTRYN / Почитувани,
Пред извесно време нашата агеција доби барање за понуда од страна на гимназијата Цар Самоил од Ресен во која беа наведени следните услови за екскурзијата:
Ве молиме да ни пратите понуда која ќе ги опфати следнива градови :
Ресен-Будимпешта-Виена-Венеција-Милано–Сплит-Дубровник-Будва_ Ресен по следнава маршута:
19.05- Поаѓање од Ресен – послепладне- ноќно возење
20.05- Пристигнување во Будимпешта- рани утрински часови – разглед на градот- вечера- сместување во хотел
21.05- доручек – поагање за Виена – Разглед на градот- тргнување за Венеција- ноќно возење
22.05- пристигање во Венеција- разглед на градот- сместување во хотел и вечера
23.05 - поаѓање за Милано – вечера- спиење во Венеција
24.05 - поаѓање за Словенија – Посета на Постојна Јама – спиење Сплит – Вечера
25.05 – тргнување посета на Дубровник Будва, ноќно патување преку Албанија пристигнување во Ресен
Понудата треба да ги содржи и слениве документи:
• Агенцијата треба да поседува „А“ лиценца и лиценца за меѓународен превоз, исхрана, гаранција и сл.
• Автобусите да се со уредна документација за техничка исправност на истите
• Вклучени дополнителни активности
• Можност за плаќање на рати, вид на превоз, сместување

Сите горенаведени услови ги исполнува и нашата агенција, која воедно имаше и најниска цена од 205 евра или 12 608, оо денари, од сите останати понудувачи. Но, она што нас лично не револтираше беше односот на препоставените лица кој ден после изборот на понудувачот, одбиваат да дадат било какво објаснување за критериумот на избор како и цената на избраниот понудувач која како што дознавме од учениците изнесува 13 700 денари. При неколкуте обиди за добивање на информациите за кои имаме право да ги дознаеме, бевме грубо одбиени и беше побарано да го доставиме барањето во писмена форма, што го направивме и проследивме копии до подрачното министерство во Битола и Општина Ресен. Арогантниот однос на претпоставените од Гимназијата само дополнително направи да се сомневаме во правилноста на изборот, поради што Ве замолуваме догласно Вашите надлежности, да превземете определени мерки за проверка на коректноста и објективноста на целиот процес на изборот.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN -1
Коментари
Transparency International Macedonia (May 22 2012)
ТИ-Македонија испрати барање за доставување на податоци до Средното училиште „Цар Самоил„ од Ресен. на 30.04.2012 добивме писмо во кое се доставуваат податоци во врска со организираната екскурзија. Предметот се следи, додатни информации ќе бидат накнадно објавени.
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
13 + 6 =

Дополнителни пријави

Не исполнува услови за директор

13:22 May 15, 2012

Ресен, 0 Kms

сива зона

13:49 Dec 07, 2011

Ohrid, 10.29 Kms

Transparentnost vo postapka za izvrshuvanje

11:35 Jan 30, 2012

Ohrid, 10.29 Kms

Denacionalizacija

10:29 Nov 12, 2012

Ohrid, 10.29 Kms

V.D. Potpis?

11:54 Jan 23, 2013

Ohrid, 10.29 Kms