непотврдено

Актуелност во здравството

19:18 Mar 31 2016 Ресен

Опис на случката
Почитувани!
Ви се обраќам Вам бидејќи навистина не знам кој би можел да даде релевантно
мислење за актуелните случувања во здравството. Се работи за новиот проект
на МЗ за прогласување на 73 рурални амбуланти во РМ меѓу кои и таа во с.Х во Х.
Доктор сум, спец. по семејна медицина и на тој терен работев како концесионер полни Х год.
Во тој период безброј пати побарав помош и подршка за да опстане амбулантата како од МЗ,
така и од ФЗО, ЛКМ, локалната самоуправа. Барање за прогласување на руралност за таа амбуланта
до МЗ имаше поднесено и тогашниот директор на Х др.Х Х.
И секогаш и од секаде одговорот беше дека според важечките закони амбулантата не ги исполнува
критериумите за руралност. Со тоа ова исто МЗ и овој ист министер за здравство практично ја
затворија амбулантата во најважниот туристички регион на Х. И сега таа иста амбуланта
ќе се отвара со црвени ленти како рурална. Јас не можам да истражам по кои критериуми и по кои
закони, бидејќи јас не сум правник за да го знам тоа.
Меѓутоа мислам дека Вие имате соодветна правна подршка и дека можете тоа да го истражите
доколку сакате. Исто така се поставува прашањето и по кој закон на тие доктори ќе им се овозможи
да работат без сестра? И што ќе се случи ако треба да се интервенира при итен случај? Или ќе чекаме
ваквите одлуки донесени преку ноќ и за кој знае чии интереси некој да ги плати со животот? И според
кој закон ќе му се исплаќа надокнада за потрошеното гориво на докторот?
Извинете што ви одзедов од Вашето време.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Administrator (May 3 2016)
Почитувани, Ви благодариме на пријавата. Транспаренси Интернешнел Македонија ќе се обрати до соодветните надлежни институции за информации во врска со тоа зошто амбуланатата порано немала, а сега има таков статус со цел да истражиме евентуално постоење на елементи на кривични дела на корупција во случајот. Со почит, Транспаренси Интернешнел Македонија
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
12 + 9 =

Дополнителни пријави

fiskalni neregularnosti

10:29 Oct 21, 2014

Ресен, 0 Kms

сеча на дрва од мој двор

11:02 Apr 24, 2015

Ресен, 0 Kms

УЧИЛИШНА ЕКСКУРЗИЈА

13:10 Mar 27, 2012

Resen, 10.66 Kms

Не исполнува услови за директор

13:22 May 15, 2012

Ресен, 10.66 Kms

Rabotno vreme,nokna smena

13:20 Sep 24, 2015

Битола, 16.1 Kms