непотврдено

Јавна набавка во Општини

13:31 Feb 10 2013 Скопје

Опис на случката
A10P6VBQ / На 22.01.2013 се појави оглас за набавка на печатени материјали во е-јавни набавки од страна на општина XX. Во неа се бара печатење на покани, брошура, плакати и банери без да се наведат потребни количини. По реакција на една фирма и од моја страна, општината постави количини, но, со објаснување дека нема да ги набават во целост количините. На мое писмено барање да ми дадат повеќе информации за тоа какви количини ќе им бидат потребни, добив одговор дека „незнаат точно колку ќе им требаат“ иако беше наведена количина од 1.000 примероци. Можно било и 30 и 50 но можеби 100, 200 и др.количини. Бидејќи печатењето претставува производство, не е можно да се даде цена за изработка без да се има количината. Но, ова нив не ги интересираше. Од ова можеше да се заклучи дека само тој што треба да добие ја знае количината. На јавната лицитација на 29.01.2013 бевме пријавени само 3 фирми. Едната по 2 минимални намалувања престана да наддава, а јас и другата фирма повеќе од 10-тина пати ја спуштивме цената. Цената падна на премногу ниско ниво за бараните количини, па јас се откажав од понатамошно наддавање. Со самиот факт дека беа пријавени само 3 фирми за печатење, иако не се бараа никакви посебни услови, очигледно беше се.
Ако ви требаат повеќе информации, побарајте ме.
Поздрав
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
15 + 9 =