Нарачав ќебапи и дури седев гледав многу странци седвеја и станбена на никој не му беше дадена сметка фискална туку на ливче. Јас кога побарав да платам ми кажа само сума и кога побарав сметка ми издаде. Пола од вработените сигурно не се ни пријавени. Сезона е некој пријавува некој не Македонија тоа е.
Почитувани,
Благодариме на пријавата за незаконско работење. Истовремено Ве упатуваме дека оваа пријава можете да ја доставите до Управата за Јавни приходи во Скопје како надлежна институција за спроведување на надзор во однос на примена на Законот за регистрирање на готовински плаќања, или пријавувањето да го извршите на телефонскиот број 198 на Управата за јавни приходи за пријавување на неправилности во работењето.
Доколку имате дополнителни прашања можете да не исконтактирате
на телефонскиот број 02/ 3217000 секој работен ден од 9:00ч – 17:00ч или да дојдете во просториите на ТИ-М на адреса Наум Наумовски Борче 58,Р.О 270 Скопје.
Со почит,
Транспаренси Интернешнл-Македонија
Оставете коментар