Во 2005 година купив стан во Х, но тој има бројни недостатоци, утврдени и со наод од вешто лице. Градежната компанија која ми го продаде станот не го изработила согласно проектот, а добила потврда од органот за надзор. Јас и другите станари се жалевме до Градежниот инспекторат, но тој не постапил.
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Од вашите наводи произлегуваат сомневања за постоење на коруптивно однесување во случајот, па поради тоа ќе поднесеме претставка до градежниот инспекторат со барање да излезе на терен и да ги провери истите, а потоа ќе ги разгледаме можностите и за понатамошно постапување.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар