непотврдено

Штета на сметка на купувач

03:30 Nov 7 2016 Охрид

Опис на случката
Направена штета на моја познајничка од Струга. Таа купи греалка од Сетек подружницата во Х во за 4000 денари на плин и се покажа како нефункционална денот кога ја уклучиле дома. Ја вратија во продавницата и им дадоа друга греалка ама и таа не работела.

на крај виделе дека греалката е расипана поради неатестираната боца и дека проблемот може да се реши но премногу време ја задржаа на исправка и поради тоа она направи дополнителни трошоци за греење.

Контактирана била пазарната инспекција но и од таму им дале одговор дека греалката требало да се поправи. откако побарале парите да им се вратат од продавницата им одговориле дека поминал 1 месец од уплатата и дека сметката неможеле да ја сторнираат.

Се работи за самохрана мајка без приходи. Што може да се направи?
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Administrator (Jan 11 2017)
Почитуван, Благодариме за пријавата. Ве известуваме дека при купување на одреден производ кој е под гаранција, продавачот е должен при негова неисправност да понуди друг ист таков производ или да го поправи оној што веќе го дал. Оттука, Сетек е должен или да ја поправи греалката или да даде нова. Доколку се реши да ја поправи старата, тие се обврзани да ја испорачаат во рокот доколку е определен во договорот или гаранцијата. При тоа треба да имате предвид дека овде се работи за договорен однос, така што државните институции не можат да се мешаат во него, но доколку една од страните сака да поведе спор, може тоа да го стори со поднесување на тужба пред надлежен суд. Ви стоиме на располагање доколку имате потреба од дополнителен совет. Со почит, Транспаренси Интернешнел Македонија
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
11 + 9 =