Stanuva zbor za Doel Х market Х na ulica ХХ.sopstvenikot ne pusta plata na vrabotenite redovno vo rokot prepisan pozakon,godisniot regres ne e isplaten a I se bara da se vrati nazad(minatata godina)mobbing na radon mesto,prodazba na alhohol posle sedum casot ,prodazba na rakija bes deklaracija,ne izdavanje na fiskalni smetki ,samo dva slobodni dena vo mesec sto e mnogu poveke od40 casa nedelno itn.ova e vtor pat da podnesuvam prijava ,prv pat se I bese javeno od strana na nekoi inspektori I ne bese demek najdeno nisto.Vi blagodaram ,senadevam deka instituciite ke reagiraat profesionalno.
Почитувани,
ви благодариме на пријавата. Пред да постапиме, би сакале да ни дадете некои дообјаснувања во врска со случајот.
1. Кога и кој инспекторат постапувал по вашите претходни пријави?
Тоа што ние би можеле да го сториме е да ги известиме Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат за неправилностите во врска со непочитувањето на Законот за работни односи и колективните договори, како и Законот за трговија, откако ќе добиеме повратна информација од вас.
Но, не можеме да постапуваме во врска со мобингот. Тоа може да се отстрани со поднесување тужба до надлежниот суд.
Работодавачот има рок до 31.12. да исплати регрес за годишен одмор. Доколку не го стори тоа имате право парите да си ги барате по судски пат. Доколку парите ви ги исплати, но потоа ги бара назад, тоа претставува кривично дело и можете да го пријавите во МВР. Доколку работодавачот ги побара парите назад, пријавете го случајот во МВР пред да му ги предадете парите, со цел полесно откривање на делото.
Можете слободно да не контактирате за дополнителни совети на info@transparency.mk или на 02/32 17 000 секој работен ден од 9 до 17 часот.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар