“Млечен ресторан ХХ” кој се наоѓа веднаш до општината во Х. Газдата не издава фискални сметки во периодот од 22 часот до 02 часот по полноќ. Не ни има дозвола за работа за толку касно.
Transparency International Macedonia (Feb 15 2016)
Почитувани,
Ве известуваме дека Транспаренси Интернешнел Македонија со претставка се обрати до Државниот пазарен инспекторат по повод вашата пријава. Во одговорот кој го добивме е наведено дека инспекторатот на ХХ година извршил надзор согласно своите надлежности и утврдил дека се врши угостителска дејност во објект за кој друштвото нема поднесено пријава за исполнување на минимално технички услови за вршење на угостителска дејност. Затоа на трговското друштво му е даден рок од осум дена за отстранување на недостатоците, по што ако не ги отстрани ќе му бидат изречени прекршочни мерки.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар