Ve molam prijavete do shumskata policijata ida izvrsi uvid vo dvor na Х Х ul.1 s.Х vo Х kade se naodjaat dva traktora drva koi se doneseni na 29.11.2016 preku nok a se seceni vo tudj imot vednas pred stocniot pazar vo Х.(drzavno zemjiste)Brojot na sumska policija Х ne funkcionira,a na brojot vo Skopje se javuva edna vrabotena koja e krajno drska i ne sakase ni da zapise sto sakam da prijavam.Se raboti za pogolema kolicina drvja.Se obiduvam da prijavam od 29.11.2016 no bezuspesno.
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата.
Ве известуваме дека доколку е извршена бесправна сеча од шума потребно е
истото да се пријави кај Шумска полиција. Доколку Шумска полиција во вашето место на живеење не одговара на вашите повици, можете случајот да го пријавите во Шумска
полиција Скопје на телефон 02/ 31 23 385 (или во било кој друг град), по што
тие можат да ја известат полицијата во вашето место.
Исто така би сакале да ви укажеме на тоа дека доколку дрвата се исечени од
приватен имот (во пријавата велите туѓ имот), кој не претставува шума
согласно чл.6 од Законот за шуми, тогаш на располагање на оштетниот му стои
тужба.
Чл.6 од Законот за шуми гласи:
(1) Шума, во смисла на овој закон, претставува шумски екосистем кој постои
на шумско земјиште
обраснато со шумски видови дрвја и грмушки, голини непосредно до шумата,
како и други голини и ливади
внатре во шумата, шумски расадници, шумски патишта, семенски плантажи,
противпожарни просеки во шума,
ветрозаштитни појаси на површина поголема од два ари, како и шуми во
заштитените подрачја. Шума се
состои и од млади насади и шумски култури со површина поголема од два ари,
како и површини кои се
составен дел на шумата, а привремено се необраснати како резултат на
човечкото влијание или природни
непогоди на кои започнало природното обновување.
(2) Под шума не се подразбираат одвоени групи на дрвја и на површина помала
од два ари, меѓни
стебла помеѓу земјоделско земјиште, плантажи од брзорастечки видови дрвја,
како и крајбрежна вегетација
надвор од шума, дрвореди и паркови во населени места.
Доколку дрвата кои се исечени не се исечени од површина опишана како во
чл.6, тогаш оштетениот своите права може да ги заштити преку поднесување на
тужба до надлежниот суд. Во вашиот случај тоа е Основен суд во вашето место на живеење.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации и совети. Можете да не
контактирате и на 02/ 32 17 000 од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.
Со почит,
Транспаренси Интернешнел Македонија
Оставете коментар