непотврдено

Комунален инспекторат во Х е глуво и слепо кон пријавите на граѓаните

18:15 Apr 1 2016 Прилеп

Опис на случката
Против лицето ХХ со живеалиште на ул.Х јас и моите комшии имаме поднесувано повеке пријави.Но за жал до ден денеска ништо не е превземено.Проблемот е во тоа што лицето Х во својот куќен двор(кој што се наоѓа одма позади две згради)чува 7 кучиња кои што непрекинато лаат,па ние 20 семејства во текот на целиот ден и ноќните часови кога на секој човек му е потребен одмор се соочуваме со нарушен јавен ред и мир.Пријавите беа поднесени најпрво до Комуналниот Инспекторат на Општина Х но залудно.Сакам да ви напоменам дека и претходно многу пати лицето Х е пријавувано за овој проблем но секогаш пред да дојди комуналниот инспектор тој преместува дел од овие кучиња на друго место и ги остава само тие три кои што му се со педигре.Откако инспекторот ке изврши увид на само трите кучиња кои што се разбира во тој момент не го нарушуваат јавниот ред и мир(издрогирани се со апчиња за смирување) тој ги враќа останатите повторно во својот двор.Очигледно е дека има корумпираност во Комуналниот Инспекторат во Х затоа што на два пати лицето Х знаеше кога инспекторот ке изврши увид,и во договор со него два пати поминува неказнето а ние како граѓани сеуште немаме мир.Испратив и едно писмо до Државниот Комунален Инспекторат,на кое што добив одговор дека проблемот ќе го реши Општина Х но тоа сеуште се нема случено.Во записникот од страна на Комуналниот Инспектор ХХ пишува дека при неговата посета кучињата “не реагирале” односно не го нарушувале јавниот ред и мир со што ние 20-те семејства потпишани на пријавите сме будали и дека лажеме.Исто така при разговор со овој инспектор тој велеше дека сме го малтретирале и не не сослуша нас како странки за нашиот проблем и се закани со пријава против нас и покрај тоа што тој е надлежен.Исто тврдеше дека тој не е надлежен за овој проблем(нарушување на јавен ред и мир од страна на кучињата) и дека треба да се обратам во МВР што воопшто не е вистина.Некој го штити овој човек а тој продолжува да ги чува овие кучиња за финансиски цели кои што исто така ги продава нелегално во Грција.Затоа ве молам решете ја корумпираноста на Комуналниот инспекторат во Х,поради тоа што ние 20-ет семесјства сеуште немаме мир а правдата е на наша страна.Ве молам контактирајте ме и на бројот ХХХ ХХХ ХХХ доколку можете да го решете овој проблем затоа што досега секаде наидов на затворени врати.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Administrator (May 3 2016)
Почитувани, Ви благодариме на пријавата. Во врска со овој случај ние ќе се обратиме со претставка до Општинскиот комунален инспекторат во Х. Во меѓувреме, ве советуваме вие заедно со вашите соседи кои се вознемирувани од она што се случува на имотот на вашиот сосед да поведете граѓанска парница пред Основниот суд Х со барање соседот да ја отстрани бучавата која доаѓа од неговиот имот. Ви стоиме на располагање за дополнителни совети. Со почит, Транспаренси Интернешнел Македонија
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
14 + 6 =

Дополнителни пријави

sklad vo ubrana zona ! Na javen parking XX

13:04 Nov 04, 2015

prilep, 0 Kms

Neisplateni plati I pridonesi

01:31 Jan 28, 2017

Prilep, 0 Kms

Нелегална видеопродукција

13:47 Oct 25, 2017

Прилеп, 0 Kms

Организиран криминал во фирми

13:48 Mar 05, 2018

Прилеп, 0 Kms

neizdavanje na fiskalni smetki

01:42 Nov 04, 2014

Прилеп, 0.02 Kms