потврдено

Човекови права

12:43 Jul 11 2023 Битола

Опис на случката
Почитувани,

Ве известувам дека дел од граѓаните на оваа држава имаат проблем со остварување на човековите права. Тоа се луѓе, во кои спаѓам и јас, кои заради болест или повреда се на долготрајно боледување и примаат плата преку Фондот за здравство, а имаат подигнато кредит од банка. Согласно законите јас примам Х % од мојата плата, а плаќам 100% од ратата за кредит. Да потсетам дека ратата е определена на 100% плата заради кое јас не сум во можност нормално да живеам и да се лекувам.
Сметам дека законите се креирани од луѓе и за луѓе, заради кое потребно е да се менуваат со цел повредените и болни лица да имаат поголема животна сигурност во услови кога не се работоспособни и се на повеќемесечно боледување.
Очекувам да поттикнете подигнување на колективната свест за проблемот на оваа категорија луѓе и превземете активности со цел измена на Закон за работење на банките. Во очекување на Ваш одговор и ангажман, Ви посакувам секое добро.
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Transparency International Macedonia (Jul 26 2023)
Почитувана госпоѓа, Ви благодариме што се обративте до Транспаренси Интернешнал Македонија во врска со вашите наводи, доставените информации ќе ни бидат во прилог за наши тековни анализи и обраќања до надлежни институции кои се носители на одлуки во државата. Од причина што Транспаренси Интернешнл Македонија има ограничени надлежности за постапување, односно негова главна цел е да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата, а Вашата проблематика опфаќа човекови права и социјална заштита можеме да Ви ги посочиме следните организации кои една од главните надлежности им е заштита на човекови права. Со почит,
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
16 + 3 =

Дополнителни пријави

presuda od Apalacioniot sud Skopje

23:59 Sep 30, 2012

SKOPJE, 0 Kms

Nepravilen dogovor za rabota

13:25 May 15, 2016

Prilep, 0 Kms

Работници на црно

18:10 Mar 19, 2018

Гостивар, 0 Kms