Преку вонпарнична постапка наследив 1/3 идеален дел, но во постапка за физичка делба на имотот иницирана од мојот брат како наследник 2/3 идеален дел, доделени ми се во сопственост и владение недвижности кои во парична вредност согласно нивната пазарна вредност изнесуваат повеке од 1/3 идеален дел. Заради тоа сум задолжен на мојот брат да му ја исплатам разликата до издедначување со вредноста на иделалните делови. Но во Јавна продажаба на недвижностите во постапка за извршување заради намирување на долгот што го имам кон мојот брат недвижностите во моја сопственост се продаваат за пониска вредност од пазарната на основа на што е пресметан долгот. Така останувам без имот и со долг. Брат ми ги купи стварите.
Transparency International Macedonia (Jan 24 2018)
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Ве советуваме дека имате можност да приговарате на извршните акти во извршната постапка со приговор против неправилности во извршувањето и потоа да барате противизвршување доколку судот стави вон сила некои извршни акти. Согласно Законот за извршување за извршна исправа каде главното барање е со вредност повисока од 10.000 евра приговорот задолжително го составува адвокат. Исто така и заради сложеноста на предметот како и заради вредноста ве упатуваме да ја продолжите постапката со адвокат пред судовите во РМ.
Со почит,
ТИ-М
Оставете коментар