Не е издадена фискална сметка, при наплата во Х се наоѓа веднаш до Х Се надевам дека ќе биде прочитана пријавата и ќе се превземат мерки. Благодарам однапред.
Transparency International Macedonia (Mar 24 2021)
Почитувани,
Во однос на Вашата пријава, Управата за јавни приходи е надлежна за спроведување на контрола на безготовинските плаќања.
Пријавувањето за неиздавање на фискална сметка можете да го направите на бесплатната телефонска линија на Управата за јавни приходи за пријавување на неправилности 198.
Вашите права како потрошувач Ви се загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите, врз основа на кој инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши Државниот пазарен инспекторат.
Вашата пријава до Државниот пазарен инспекторат може да ја испратите на следниот линк:
https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form
За дополнителни информации слободно може да не контактирате на нашиот телефонски број 02 321 7000 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
Со почит,
Оставете коментар