Адвокатот XX ме шиканира со тужби за клевета и навреда затоа што го пријавив во Адвокатска комора на Р.М. Јас го ангажирав, а тој не презеде ништо и сега ми бара пари за тоа. Што може да се направи?
Почитувани,
Ви благодариме на пријавата. Во вакви случаи можете да поднесете кривична пријава за злоупотреба на довербата од страна на адвокатот, како и да покренете дисциплинска постапка пред Адвокатската комора на РМ. Повелете со документацијата во нашите простории на ул.Наум Наумовски Борче бр.58 во Скопје за да го разгледаме случајот заедно и да одлучиме за понатамошните чекори.
Со почит,
ТИ-М
Оставете коментар