Nemam dokumentacija se raboti za nelegalno rabotejne po 130 denari na cas neosigurana prikriena, a devojceto moe go izbrka gazdata zaradi druga da vraboti na crno koj se naojga vo X koj sprema roba za prodavnica ja krie oti zema socijalna pomos bliska na gazdaya ve molam da prevzemite merka toa se naojga vo X kaj X.
Transparency International Macedonia (Mar 19 2024)
Транспаренси Интернешнл Македонија Ви се заблагодарува за поднесената пријава и по однос на истата Ви го посочува следното:
Согласно вашите наводи имате посочено на повреди од Законот за работните односи, па затоа најефикасен начин да се спречат истите е да се обратите до Државниот инспекторат за труд. Инспекторатот има надлежности да излезе на терен и да спроведе инспекциски надзор и утврди повреди врз основа на затекната фактичка состојба. Дополнително инспекторатот има отворена посебна линија на 151 31, за пријавување на работа на црно, секако и таму можете да поднесете пријава анонимно преку нивната веб страна.
Би сакале посебно да Ви потенцираме кога ќе се обраќате до инспекторатот да наведете точна или најприближно точна локација на правното лице за кое посочувате неправилности и точен назив на истото. Доколку имате било какво друго прашање, слободно обратете ни се.
Оставете коментар