Transparency International Macedonia (Mar 19 2024)
Транспаренси Интернешнл-Македонија Ви се заблагодарува на поднесената пријава и вооедно Ви го посочува следното: Пријавувањето за неиздавање на фискална сметка можете да го направите на бесплатната телефонска линија на Управата за јавни приходи за пријавување на неправилности 198. Вашите права како потрошувач Ви се загарантирани со Законот за заштита на потрошувачите, врз основа на кој инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши Државниот пазарен инспекторат. Пријава електронски до Инспекторатот можете да поднесете преку нивната веб страна или да ги исконтактирате на телефонскиот број + 389 (0)2 3162 341.
Оставете коментар