потврдено

Сообраќајна несреќа

12:03 Feb 6 2023 Велес

Опис на случката
Почитувани, се викам Х. Ви пишувам, бидејќи сакам да добијам конкретни информации, доколку можете да ми дадете. Воедно и да ме информирате, какви дејствија можам да превземам.
Во Х година, месец Х имам доживеано сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди (наведено во записникот).
Истата година, не повикаа на истражен суд. Од тогаш, немам добиено никакви информации. Во Х година, на мое писмено барање испратено до ОЈО – Х до каде е предметот, добив писмен одговор дека сеуште е истиот во истражни постапки, по што обвинтелство ќе донесе одлука. Неделава, на мое повторно барање до ОЈО - Х, добив одговор дека против лицето кое ме повреди во несреќата не е спроведена никаква санкција, бидејќи не се работело за тешки телесни повреди, истотака имав прилог од МВР - Х во одговорот од ОЈО. Меѓутоа, во писмото пишуваше дека одлуката е донесена во Х година. А, мене ме известуваат во месец Х година. Дали можете да ми дадете конкретни информации за правни дејствија во врска со предметов?
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Transparency International Macedonia (Jul 26 2023)
Почитувана Х, Во однос на вашата ситуација како што ни ја имате опишано има настапено застареност на кривично гонење против лицето кое е можеби виновно за загрозување на безбедноста на сообраќајот. Исто така и барањето за надоместок на штета поради претрпени телесни повреди и душевна болка застарува за пет години од настанатата штета. Застарено е и побарување од страна на Осигурителна компанија за надомест на штета при сообраќајна незгода, бидејќи истото застарува во рок од три години од настанување на штетниот настан. Ви останува правото да се обратите повторно до Основното Јавно обвинителство Х со Молба во која ќе се повикате на бројот на вашиот предмет и ќе побарате да извршите увид во предметот, секако оставете телефонски број за да ве контактираат за да извршите увид. По извршениот увид од предметот од Ваша страна ќе може да увидите дали има и доколку има направено некаков пропуст од страна на Јавниот обвинител ќе може да се обратите со допис до непосредно повисокиот Виш Јавен обвинител Х во кој ќе му ја образложите настанатата ситуација, па да добиете насоки од нивна страна за постапувањето по предметот. Исто така, можете да поднесете претставка до Совет на јавни обвинители во која ќе образложите дека не сте задоволни од начинот на работење на конкретен јавен обвинител во врска со вашиот предмет, односно негово нестручно и несовесно постапување, доколку сметате дека има такво постапување. Поплака можете да поднесете и до Министерство за правда – Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи, доколку сте незадоволни од работењето на конкретен јавен обвинител во конкретниот случај незадоволство во работењето за вашиот предмет. Сето погоре наведено можете да го поднесете по претходно извршен увид во списите на Вашиот предмет во обвинителството и по утврдување од Ваша страна дека постојат некакви незаконски постапувања. Со почит,
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
10 + 10 =

Дополнителни пријави

presuda od Apalacioniot sud Skopje

23:59 Sep 30, 2012

SKOPJE, 0 Kms

Nepravilen dogovor za rabota

13:25 May 15, 2016

Prilep, 0 Kms

Работници на црно

18:10 Mar 19, 2018

Гостивар, 0 Kms