Сајтот е Х на фејсбук и доставуваат неисправни производи а нудат 3 години гаранција и не респондираат на обжалувањата а единствен канал за кореспонденција е ф.б. месинџер,згора на тоа,доставените производи не се оние од фотографиите кои ги пласираат...Дилемата ми е,дали вие ги расветлувате овие криминални дела или МВР,оддел за Е-криминал?,Ова го прашувам од причина што измамени луѓе уште од Х имат пријавено во МВР за овој сајт а еве вчера и јас бев измамен. Ви благодарам што одвоивте време за проследување на мојот поднесок и се надевам дека ќе има позитивен фидбек за измамените а негативен за измамниците
Transparency International Macedonia (Oct 31 2022)
Почитувани,
Во однос на Вашата пријава доставена до Транспаренси Интернешнл Македонија, преку платформата Пријави корупција, и по нејзиното разгледување, би сакале да Ве известиме и воедно упатиме да се обратите до Асоцијацијата за e-трговија (https://ecommerce.mk/), како и до Организацијата на потрошувачите на Македонија (https://opm.org.mk/), каде детално би Ви било објаснето кои понатамошни чекори би биле превземани во однос на заштита на Вашите права како измамен on- line купувач.
За било какви понатамошни информации Ви стоиме на располагање,
Со почит,
Оставете коментар