Значи групно пријавуваме дека Х не ги почитува работничките права односно се работи прекувремено посебно во Х се работи по Х саати од трудовиот инспекоторат ни трага ни глас значи највероватни се подмитени корумпирани незнаеме кад дасе жалиме следно е по јавните медиуми по телевизиите оа кој век сме кое време сме да јавно поткупуваш инспектори со Х
Transparency International Macedonia (Oct 31 2022)
Почитувани,
Во врска со Вашата Пријава поднесена до Транспаренси Интернешнл Македонија преку Платформата Пријави Корупција, по разгледувањето на истата, Ве известуваме дека во Вашиот случај, надлежен орган кој постапува е Државниот испекторат за труд, Сектор за инспекциски надзор од областа на работните односи, каде се вршат испекторски надзори и инспекциски работи од областа на работното законодавство, како и вршење испекциски надзор кај работодавците за начинот на примена на законите и другите прописи од областа на работното законодавство, колективните договори и договорите за работа.
Во прилог е линкот за одговорни лица по региони.
https://dit.gov.mk/?page_id=192#spisoknainspektori
Во однос на Вашите изнесени наводи дека сметате постоење на елементи на корупција од страна на надлежниот орган, Ве молиме овие наводи подетално да ги образложите, и да ни доставите материјални докази со кои ги поткрепувате овие наводи, доколку евентуално поседувате.
Ви стоиме на располагање за било какви понатамошни информации,
Со почит,
Оставете коментар