Nekolku km pre naplatna rampa Х bevme legitimitani od grupa policajci. Tocno vreme na nastanot Х se izgledase mnogu seriozno bidejki ja zastanuvaa skoro sekoj avtomobil. Otkako bevme legitimirani i gi imavme site uredni dokumneti pobaraa da go poglednat i gepekot. Me zamoli da go zatvoram i me povika do policiskoto motorno vozilo kade mi kaza deka poradi Х mi sledi kazna od. Mi ponudi spogodbeno da go reshine problemot potocno mi pobara mito od Х. Poradi toa sto se vrajkavme od Х i situacijata izgledase dosta naporna, se slozivi da platam. Celata situacija bese mnogu stresna i izgledashe na klasicno kriminalno zdruzeno dejsrvuvsnje.
Transparency International Macedonia (Oct 31 2022)
Почитувани,
Во однос на Вашата пријава доставена до Транспаренси Интернешнл Македонија, преку платформата ПК, и разгледувањето на истата Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди е контролниот механизам на Министерството за внатрешни работи врз работата на полицијата и Министерството, поради што и надлежностите на Одделот опфаќаат широк спектар на мерки и активности, кои се преземаат и се насочени кон утврдување на непрофесионалното, незаконито и неетичко постапување на вработените во Министерството за внатрешни работи, како и преземање на низа мерки и активности за нивно спречување од превентивен и репресивен аспект.
Граѓаните имаат право да поднесат претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога сметаат дека со постапувањето на работникот во Министерството се повредени нивните слободи и права. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката во писмена форма треба да го извести подносителот за утврдената состојба и преземените мерки.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди со својата проактивна борба против корупцијата ќе превзема мерки и активности со кои ќе го стесни просторот на коруптивното однесување на вработените во Министерството и полицијата, како и откривање и соодветно санкционирање на секој конкретен случај на незаконито и непрофесионално постапување на вработените во Министерството.
Врз основа на прибраните податоци информации и сознанија до кои ќе дојде Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат превземени плански и организирани мерки и активности со цел документирање и докажување на незаконското, непрофесионално и коруптивно постапување на вработените во Министерството.
Пријавување на несоодветно однесување можете да извршите на следниот линк:
https://mvr.gov.mk/prijavete-nesoodvetno-postapuvanje
За било какви понатамошни информации Ви стоиме на располагање,
Со почит,
Оставете коментар