Би сакала да Ве информирам дека фирмата Х во Х веќе подолго време се занимава со нелегален увоз и продажба на Х за кои нема дозвола издадена од Агенцијата за Храна и Ветеринарство. Ваквата ситуација прави нелојална конкуренција и револт кај фирмите кои што чесно и прописно ја вршат својата работа и ги плаќаат сите државни давачки, за на крајот да не може да ги оправдаат своите трошоци поради ваквите фирми кои веќе долго време опстојуваат, и покрај тоа што неколку пати се пријавени кај надлежни органи.
Почитувани,
Во однос на Вашата пријава, Државниот пазарен инспекторат врши инспекциски надзор над примена на законите, другите прописи и акти од страна на трговските друштва, други правни и физички лица како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија, а кои најчесто се однесуваат на безбедноста на производите, заштита на потрошувачите, како и други работи определени со закон.
Вашата пријава може да ја поднесете електронски на следниот линк:
https://www.dpi.gov.mk/index.php/mk/odnosi-so-javnost/prijava-od-gragjani/view/form
За дополнителни информации слободно може да не контактирате на нашиот телефонски број 02 321 7000 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
Оставете коментар