Почитувани,
На Х.Х. 2020 год без никаква претходна најава сме отпуштени од работа , поради Х причини. Плата за месец Х не ни е исплатена.
Сопственик на Х Х е фирмата Х.
Пријавивме во Државниот инпекторат за труд за неправилностите и за неисплатената плата за Х.
Поради отказот ние работниците што сме вработени на неопределено време немаме никаква надокнада од Заводот за Вработување.
Ќе мора да се има одговорност за непочитување на законот и за нечовечниот однос спрема нас вработените (свесно не оставаат без приход во време на пандемија).
Ке Ве замолиме за помош , ако некако можете да помогнете или да ни предложите дали има некој друг начин или некоја друга институција каде би можеле да се пожалиме за да се реши нашиов проблем и да се казнат сторителите.
Transparency International Macedonia (May 26 2020)
Почитувани,
Транспаренси Интернешнл – Македонија ја разгледа вашата пријава и во продолжение ве информираме за правата од работен однос и правата во случај на отказ од деловни причини, на кои можете да се повикате согласно Законите во РСМ. Со оглед дека за отказот сте го информирале Државниот трудов инспекторат, по добивање на одговор можете да не информирате за постапувањето на ДТИ. Во однос на правото на поведување на работни спорови истото можете да го направите преку правни полномошници.
Согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Правата од осигурување во случај на невработеност се остваруваат во Агенцијата каде што е евидентирано невработеното лице врз основа на поднесено писмено барање.
Во однос на одлуката по приговорот на отказот без отказен рок: кога не е донесена одлука по приговорот од страна на работодавачот или кога работникот не е задоволен со одлуката донесена по приговорот, има право да поведе спор пред надлежниот суд во рок од 15 дена.
Согласно член 95 од Законот за работни односи работодавачот има обврска да спроведе информирање и консултирање со работниците во случај на колективни отпуштања од деловни причини: „1)Доколку работодавачот има намера да донесе одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини, односно на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок на работен однос без оглед на вкупниот број на работници кај работодавачот, се смета за колективно отпуштање од деловни причини. (2) Кога работодавачот има намера да спроведе колективни отпуштања тој е должен да започне постапка на консултации со претставниците на работниците, најмалку еден месец пред почетокот на колективното отпуштање и да ги обезбеди со сите релевантни информации пред започнување на консултациите, заради постигнување договор.“ При тоа важно е какви договори за вработување сте имале, доколку истите се на неопределено време тогаш важи одредбата за информирање и спроведување на консултации.
Согласно член 97 од Законот за работни односи во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина чија висина зависи од годините поминати во работен однос. Ова побарување можете да го остварите со поведување на работен спор пред надлежен суд.
Во однос на законитоста на евентуалната стечајна постапка која што би следела засега не можеме да изнесеме правно мислење, но во иднина доколку има потреба и информации би можеле да ја следиме таа постапка.
Доколку имате дополнителни прашања или информации слободно можете да не контактирате.
Со почит,
Оставете коментар