непотврдено

Незаконско работење и непостапување на службите

17:19 Jun 24 2019 Охрид

Опис на случката
Почитувани,

Во име на совесни граѓани и угостители од Х, Ви пријавувам целосно незаконско работење на нерегистриран угостителски објект - Х чие незаконско работење е несанкционирано од институциите неколку години наназад и секое лето ги вознемирува граѓаните на X и создава сериозна нелојална конкуренција на легалните угостителски објекти во X.
Имено, објектот освен преку ден со работно време до 18 часот, целосно нелегално работи како бар дискотека навечер до доцните утрински часови, до 03 или 04 часот БЕЗ да има лиценца за ноќен клуб или кабаре, објектот работи без издавање на фискални сметки, без регистрирана дејност, без исполнување на минимално технички услови, со сомнителни алкохоли без бандерола, со нерегулирано работно време и работни односи. Имаме основани сомнежи за незаконско работење, заштита и непревземање на дејствија од страна на државниот пазарен инспектор ХY кој е брат на сопственикот на угостителскиот објект HY, како и од страна на УЈП како и од МВР кои се’ знаат а ништо не превземаат.

Со почит,

група совесни граѓани
Линк за вести
Дополнителни Информации

Кредибилитет: UP DOWN 0
Коментари
Transparency International Macedonia (Aug 12 2019)
Почитувани, Транспренси Интернешнл – Македонија поднесе претставка до Државниот пазарен инспекторат во врска со вашата пријава. Од таму добивме одговор дека Пазарниот инспекторат по спроведен инспекциски надзор над пријавениот објект при што утврдено е дека истиот е регистриран за вршење на угостителска дејност, подготовка и послужување на пијалоци при што не се констатирани прекршоци согласно Законот за угостителска дејност, како и во однос на почитување на работното време. Доколку сакате да направите увид во одговорот на Државниот пазарен инспекторат може да не контактирате на нашиот телефон 02 3217 000 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот или на нашта е-маил адреса info@transparency.mk
Рангирање на коментарот: UP DOWN
0
Оставете коментар
Име:
E-пошта:
Коментари:
Сигурносен код:
10 + 1 =

Дополнителни пријави

presuda od Apalacioniot sud Skopje

23:59 Sep 30, 2012

SKOPJE, 0 Kms

Nepravilen dogovor za rabota

13:25 May 15, 2016

Prilep, 0 Kms

Работници на црно

18:10 Mar 19, 2018

Гостивар, 0 Kms