Пишувам во врска со изборот на кандидат на работно место X X во X, во X.
Имено, по поднесените документи за апликација на оваа позиција добив известување од X со листа на кандидати кои се примени. За гореспоменатата позиција и покрај поднесените апликации на повеќе кандидати со стручна спрема правен и економски факултет со место на живеење во X, на истата позиција е примено лице од Y со факултет за X.
На истото лице (кое веќе започна со работа) му е обезбедено службено возило како и X, што дополнително, беспотребно го оптоварува буџетот на државата.
Од дополнителни извори добив информација дека на Х партија X и е доделен X како институција каде што можат да вработуваат свои членови. Затоа под сомнение дека се работи и за вработување по партиска основа, како и гореспоменатите причини ја пишувам оваа жалба со цел да се преиспита приемот на лицето на ова работно место.
п.с Имајте во предвид дека Општината X е мало место со голем број на невработени, претежно млади лица и општина каде има огромна миграција, дури и на цели семејства поради невработеност и општина каде што со години наназад се вработуваат кадри од X, иако такви кадри веќе постојат во општината и истите се невработени.
Со надеж дека во оваа држава сеуште се останати институции кои функционираат во очекување сум на Вашиот одговор.
Почитувани,
Транспаренси Интернешнл Македонија ќе поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер до Х со кое ќе побараме информации за пријавените кандидати за јавниот оглас. За исходот од испратеното Барање ќе Ве известиме, а доколку имате дополнителни прашања можете слободно да не исконтактирате на 02 3217 000, или на info@transparency.mk
Оставете коментар