X X
Работам во здравствена установа.
Сакам да се информирам дали вашата организација може да ми даде одговор дали одредена постапка претставува конфликт на интереси.
Доколку вие може да ми одговорите, ќе ви ја изложам материјата. Дололку не можете, посочите ми кому да се обратам.
Од X и од X не добив никаков одговор.
Почитувани,
Согласно Законот за спречување на судир на интереси под поимот „судир на
интереси“ се подразбира состојба кога приватниот интерес на службеното лице
е во спротивност со јавниот интерес или кога приватниот интерес влијае или
може да влијае врз неговата непристрасност при вршење на работите од
јавниот интерес; додека „судир меѓу приватниот и јавниот интерес“ постои
кога во вршењето на службено или друго дејствие директно или индиректно се
влијае врз материјалните или не-материјалните интереси на службеното лице
или
врз интересите на членовите на неговото семејство.
Според наведените дефиниции од Законот во случајот што го наведовте постои
судир на интереси во тоа што приватниот интерес на X како блиско
лице би можел да влијае врз начинот на нејзиното дејствување.
Во случај на постоење на судир на интереси службеното лице е должно да
побара мислење од Државната комисија за спречување на корупција.
Во случај на сомневање за можноста за постоење на судир на интереси,
службеното лице е должно да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи
влијанието на приватниот интерес.
Се надеваме дека со ова одговоривме на Вашето конкретно прашање. Доколку
имате дополнителни прашања слободно можете да нѝ се обратите и на нашиот
телефон 02/3217 000 или на нашата e-mail адреса: info@transparency.mk
Со почит,
Transparency International - Macedonia
Naum Naumovski Borce 58,P.O. 270 Skopje, Republic of Macedonia
T/F. + 389 2 3217000
E. info@transparency.mk
http://www.transparency.mk/
Оставете коментар