Се вработувам во фирма на X.X.X со определено работно време од X месеци. По соопштување на директорот за мојата бременост, договорот ми е продолжен на 1 месец без соодветно објаснување. Од X.X.X имам 15 дена боледување од матичен лекар. По завршеток на 15 дена боледување, лекарската комисија ми одобрува патолошка бременост секој месец до крајот на бременоста. Фирмата ми исплатува плата заклучно со 15 дена боледување.Потпишувам договор со фирмата до X.X.Xгод.
Со навршени X месеци стаж, фирмата на крајот на X год во Декември ми исплаќа К-15.
Со сите уредно доставени документи во социјално, предметот ми е ставен како негативен поради тоа што не ми е платено здравствено осигурување во континуитет од X месеци.
Социјално ми издава негативна листа за предметот, со тоа што тие ми кажуваат дека фирмата треба да ми ги исплатат месеците кои сум на патолошка бременост и со тоа да остварам право на породилно боледување платено од социјално.
Фирмата не прифаќа да ме исплати со изговор дека сум на боледување на терет на социјално.
Во АВРМ и социјално стои дека сум пријавена и осигурана во фирмата со која што потпишав договор до месец X но сепак тие не ми плаќаат здравствено осигурување и никакви придонеси.
Од X.X.X ми се отвара породилно боледување, со тоа што од почеток на патолошката бременост од X.X.X, па се до сега не ме исплаќа ни фирмата, ни социјалното.
Прашањето ми е кој треба да ме исплати и дали може некако да се реши случајов ?
Почитувана,
Согласно Законот за работни односи во член 112 фирмата исплаќа надоместок на плата во случај на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреда до 30 дена, а над 30 дена се исплаќа на товар на здравственото осигурување. На исплатена плата се плаќаат и придонесите од плата за задолжително социјално осигурување. Според ова до 30 од отворањето на боледувањето плата и придонеси плаќа работодавецот, а за останатиот период фондот.
Во секој случај за повеќе информации можете да не контактирате на нашиот телефонски број 02/3217 000 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот.
Оставете коментар