Повеќе наследници наследивме имот во Гевгелија. Градоначалникот и покрај наши ургенции не сака да донесе решение за данок иако според законот тоа го може. Сега еден наследник (повеќе заинтересиран од другите) мора самиот да плати данок, а потоа да се раздолжува со другите. Дали мора работите да одат на овој начин?
Transparency International Macedonia (Sep 28 2012)
Во комуникација со подносителот на пријавата му е посочено дека Законот за даноци и Законот за локална самоуправа овозможуваат во вакви случаи граѓанинот да се обрати до Државниот управен инспекторат. Градоначалникот може и треба да донесе Решение за оданочување!
Оставете коментар