Советник, член на кабинетот на премиерот во Владата на РМ, лицето С.В. покрај редовната работа истовремено има и уште најмалку четири други јавни функции фунции од кои остварува приходи:
1. Претседател е нa Надзорен одбор на Македонски Железници Транспорт АД – СКОПЈЕ
2. Член е на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации
3. Член е нa надзорен одбор на ЈПАУ ”Македонија” - Скопје
4. Член е на одборот на директори на ФК Вардар.
Според податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери објавени од Државна комисија за спречување корупција, лицето С.В., нема поднесено документи и воопшто не фигурира во базата на податоци.
Првиот линк има грешка. Точната Информација (која потврдува дека објавата во текстот е точна) е следна:
http://mztransportad.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=101&Itemid=127&lang=mk
Рангирање на коментарот:
0
Transparency International Macedonia (Jun 14 2012)
Во прилог одговорот од ДКСК на наше барање: http://www.scribd.com/doc/97095591/OdgovorodDKSK-SV
Рангирање на коментарот:
0
Transparency International Macedonia (Jun 19 2012)
Информациите посочени во пријавата, се потврдуваат со општо достапни информации преку интернет. Во моментот на проверка, анкетниот лист за имотна состојба на ова лице не беше достапен на веб сајтот на ДКСК. Податоците од анкетниот лист сега се достапни.
Оставете коментар