Сакам да ја пријавам фирмата ХХ во Куманово која на државно земјиште без дозвола има изградено фарма, а во тек е изградба на уште една. Фармата се наоѓа во близина на населено место и им пречи на жителите поради тоа што има неподнослива миризба.Случајот е пријавен до надлежните институции и досега ништо не е превземено.
Ве молиме да ни дадете совет како да постапиме понатаму?
Transparency International Macedonia (Dec 22 2014)
Почитувани,
Ви благодариме за вашата пријава и Ве известуваме дека тимот на Транспаренси Интернешнал-Македонија ќе ја разгледа истата за што ќе бидеме во понатамошна комуникација.
Со почит,
Транспаренси Интернешнал-Македонија
Оставете коментар