A111VPTP/ Јас живеам во објект во кој струјата се води на мојот татко. Тој реши да го стави струјомерот во мирување со тоа што ги подмири сметките и даде изјава во ЕВН дека струјата не смее да се вклучува без негова согласност. Моето прашање е: дали имам некакво право да се бунам за да не седам без струја иако јас дотогаш ги плаќав сите сметки за струја? Дали некој знае што можам да направам јас за да добијам струја? Дали можам да тужам, да барам некакво право на владение или не знам што?
Transparency International Macedonia (Apr 26 2013)
Почитуван, согласно регулативата на ЕВН истите немаат обврска да решаваат кое лице ќе ја плати струјата доколку во една семејна заедница живеат повеќемина, посебно кога броилото за електрична енергија е заведено на име на сопственикот на објектот и кој што ја исплаќа потрошената струја, нивна обврска и интерес е само потрошената електрична енергија да биде исплатена. Вашиот проблем е предмет на меѓусебен договор. Имено доколку се договорите со вашиот татко иако живеете во ист објект вие можете да отворите ново посебно саатно броило за електрична енергија,и секој да си го плаќа својот дел за потрошена електрична енергија.
Оставете коментар