zdravo deneska so zenami bevme kaj nejziniot maticen ginekolog doktor GM da napravi pap test i mi pobaraa 1500 denari bez da mi dade fiskalna smetka a site znaeme deka pap testot e besplaten ...
Transparency International Macedonia (Sep 18 2012)
ПАП тест оваа година е бесплатен за жени од 24 до 35 години, по покана до
матичниот гинеколог. Доколку вашата сопруга влегува во оваа целна група не
сте биле должни да платите.
Подготвени сме да веруваме на вашите наводи, но во постапување до ФЗОМ и
другите надлежни органи нема да можеме истото да го поткрепиме. Поради
таквите околности не сме во можност да постапуваме понатаму, без да го
доведеме во прашање кредибилитетот на нашето дејствување.
Ги повикуваме граѓаните да бидат подготвени да одговорат на ваквите и слични
предизвици, при што ќе се обидат да овозможат за надлежните (на пример
службениците во ФЗОМ) соодветна поткрепа на сомнежите
Оставете коментар