A1LWSPHP / Имаше оглас во средното медицинско училиште во Битола. Се пријавив и ги доставив документите. Ме повикаа на тестирање. Оттогаш поминаа 5 месеци,а училиштето не ми доставило ништо. Немам ни известување ниту пак ОРГИНАЛНИТЕ документи не ми се вратени што е противзаконски да ми ги чува, затоа што во огласот не беше наведено дека нема да ги враќаат за да доставиме фотокопии. Разбрав дека на местото на кое се пријавив за библиотекар е примено лице кое е во роднински врски со директорката и е со несоодветно образование за таа позиција и тоа средно(наводно со економско -КК), а се бараше високо образование. Не ми е јасно како може да се дозволуваат вакви работи од страна на Државниот просветен инспекторат. Сакав да им пишам на нивната страна но таа не функционира. Се надевам дека вие ќе го средите проблемот. Фала од напред
Transparency International Macedonia (Sep 28 2012)
Во врска со вашата пријава поднесовме Барање за пристап до информации од јавен карактер до МОН ДПИ.
Рангирање на коментарот:
-1
Transparency International Macedonia (Sep 28 2012)
Исто така е испратено и барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Медицинското училиште во Битола за тоа како е спроведен огласот.
Рангирање на коментарот:
-1
Transparency International Macedonia (Oct 30 2012)
Почитувани,
Ве известуваме дека имаме одговор од државното средно училипте Др. Јован Калаузи. Истото може да го најдете на следниов линк http://htmlimg1.scribdassets.com/2blynk6vy81wjesm/images/1-eb14c920f3.jpg
Оставете коментар